ЖЕГА ДО 39 СТЕПЕНИ, А ПОТОА СЛЕДУВА ИЗНЕНАДУВАЊЕ Попладне Македонија ја очекуваат невремиња
Сончевото и многу топло време ќе биде нарушено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и локална појава на град – и Скопје не е поштедено.

Фото: Национал
Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од 16 до 39 степени.
Во попладневните часови наместа се очекува зголемена облачност, проследена со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можно и појавување на невреме со силен ветер и град.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија

