ТРАМП СО НОВА ЗАКАНА ДО ИРАН Имаме тотална контрола, Вашингтон ги откри воените опции

Американскиот претседател тврди дека САД ја контролираат целата област околу Ормутскиот теснец и порача дека Техеран не е подготвен за „вистински договор“.

ТРАМП СО НОВА ЗАКАНА ДО ИРАН Имаме тотална контрола, Вашингтон ги откри воените опции
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Иран во моментов е подготвен да постигне „вистински договор“ со Вашингтон, додавајќи дека САД внимателно ја следат ситуацијата. Одговарајќи на прашање дали воените опции на САД против Иран се ограничени, Трамп рече дека тоа само значи дека Вашингтон „гледа што ќе се случи“.

Тој истовремено тврдеше дека САД имаат „тотална контрола“ врз целиот регион поврзан со Хормутскиот теснец, вклучително и копнените области.

„Тие би сакале да постигнат договор, но според мене, не се подготвени за вистински договор“, изјави Трамп.

Трамп во последните денови дополнително ги засили изјавите за стратешкиот теснец, нарекувајќи го дури и „американска територија“.

Американскиот претседател претходно најави и можност за силен економски притисок врз Иран, додека тензиите околу Ормутскиот теснец продолжуваат да бидат една од клучните точки во конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран.

CATEGORIES
Share This