ГОРНО ЛИСИЧЕ И ЛИСИЧЕ БЕЗ ВОДА Екипи на терен, не се знае кога ќе заврши дефектот

Дел од корисниците од 11 часот се без водоснабдување поради дефект на водоводната мрежа, санацијата е во тек.

ГОРНО ЛИСИЧЕ И ЛИСИЧЕ БЕЗ ВОДА Екипи на терен, не се знае кога ќе заврши дефектот
Фото: Принтскрин

Дел од жителите на улицата „Ѓорги Капчев“ во Горно Лисиче и во село Лисиче денеска од 11:00 часот се соочуваат со прекин во водоснабдувањето поради дефект на водоводната мрежа.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Водоснабдувањето ќе биде во прекин до завршување на санацијата, по што се очекува нормализирање на состојбата и повторно воспоставување на редовното снабдување со вода.

CATEGORIES
Share This