68.675 ДЕНАРИ НЕ СЕ ДОВОЛНИ Еве колку чини животот за едно четиричлено семејство
Синдикалната минимална кошница во август достигна 68.675 денари, што е за 177 денари повеќе од јули.

Трошоците за живот во земјава продолжуваат да растат. Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, што е зголемување од 177 денари во однос на јули.
Најголем дел од буџетот на едно четиричлено семејство отпаѓа на храната и пијалаците, за кои месечно се потребни 25.032 денари. Следуваат трошоците за образование со 7.192 денари, облека и обувки со 6.511 денари, како и комуналните услуги – вода, електрична енергија и греење со 6.370 денари.
За транспорт месечно се издвојуваат 5.175 денари, додека трошоците за ресторани и хотели достигнуваат 4.131 денар. За комуникации се потребни 3.677 денари, за хигиена 2.692 денари, а за здравствени услуги 1.196 денари.
Дополнително, за семејствата кои живеат под кирија во стан од 60 квадратни метри, минималните месечни трошоци се уште повисоки. Во август, синдикалната кошница за овие домаќинства достигна 84.050 денари.

