МИЦКОСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА Сакате предвремени избори? Ќе ве победиме

Премиерот тврди дека граѓаните не бараат предвремени избори, туку реформи, но порача дека доколку опозицијата инсистира на избори – власта е подготвена за ново соочување со граѓаните.

МИЦКОСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА Сакате предвремени избори? Ќе ве победиме
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека граѓаните не бараат предвремени парламентарни избори, туку реформи и продолжување на процесите што ги спроведува Владата.

Одговарајќи на новинарско прашање пред учеството на Амбасадорскиот совет, Мицкоски посочи дека актуелната владејачка коалиција има добиено мандат од граѓаните да ја води државата во следните четири години.

„Граѓаните не сакаат избори. Граѓаните сакаат реформи и континуитет на процесите што ги води оваа Влада“, рече Мицкоски,

Тој додава дека според него, перформансите на актуелната Влада се значително подобри од оние на претходната.

Сепак, тој нагласи дека доколку опозицијата смета дека се потребни предвремени избори, Владата е подготвена позитивно да одговори на тоа барање.

„Ние нема да седиме на страна како кукавици, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно и, се разбира, ќе ги победиме“, изјави Мицкоски.

https://nacionalno.mk/filipche-otkri-koga-e-ima-izbori-koga-e-snema-pari/

CATEGORIES
Share This