КАКО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ ПРЕКЛОПЛИВИОТ ТЕЛЕФОН ШТО ВИ ОДГОВАРА Водич за најновата Galaxy Z серија
Најдобриот телефон е оној што се вклопува во вашиот живот, а портфолиото на Samsung Galaxy е дизајнирано да ви помогне да го пронајдете вистинскиот.

Кога купувате нов телефон, веројатно читате рецензии и гледате видеа со споредби во потрага по „најдобриот“ уред. Иако рангирањата можат да бидат корисни, тие не можат да одговорат на најважното прашање: кој телефон е најдобар за вас? Одговорот зависи од личните потреби, како што се начинот на кој сакате да работите, да создавате содржини и да останете поврзани во текот на денот.
Зошто „Samsung“ нуди повеќе формати на преклопливи телефони?
Најдобриот преклоплив телефон не е ист за секого. Токму затоа „Samsung“ нуди три различни дизајни на преклопливи телефони со новата серија Galaxy Z.
Без разлика дали сакате еден мобилен уред кој може да ги извршува сите ваши задачи, екран наменет за гледање содржини и читање или барате нешто покомпактно и практично, серијата Galaxy Z има опции за различни потреби.
Низ осум генерации усовршување, „Samsung“ разбира што најмногу им е важно на корисниците кај преклопливите телефони. Новата серија Galaxy Z е резултат на целото тоа искуство. Секој уред ги исполнува клучните очекувања на корисниците во однос на дисплејот, издржливоста, преносливоста и перформансите.
Кој преклоплив телефон Galaxy Z е вистинскиот за вас?
Најновата серија Galaxy Z нуди низа иновативни формати на преклопливи телефони: компактниот Galaxy Z Flip8, целосно новиот Galaxy Z Fold8 и моќниот Galaxy Z Fold8 Ultra.
Одлуката кој уред е вистинскиот за вас во крајна линија зависи од тоа што очекувате од искуството со вашиот паметен телефон и од начинот на кој телефонот се вклопува во вашиот секојдневен живот.
Изберете го Galaxy Z Flip8 ако сакате:
- Максимална преносливост со најтенкиот и најлесниот уред од серијата Z
- Искуство насочено кон самоизразување и создавање на најдобри селфи фотографии
- Практичност во секојдневието за брзо извршување задачи без да го отворате телефонот
Изберете го Galaxy Z Fold8 ако барате:
- Нов преклоплив формат дизајниран за современи формати на содржини
- Импресивно искуство при гледање, читање и играње игри
- Најлесниот Galaxy Z Fold досега од „Samsung“
Изберете го Galaxy Z Fold8 Ultra ако ви се приоритет:
- Врвно искуство од највисока класа, резервирано за Ultra уредите
- Мултитаскинг на голем преклоплив главен екран од 8 инчи[1]
- Продуктивност и водечки перформанси
- Најразновидниот и најмоќниот систем на камери во серијата Galaxy Z
Кај сите уреди од серијата, издржливоста на Galaxy Z е надополнета со најновите Galaxy мобилни искуства со вештачка интелигенција[2] и софтвер оптимизиран за секој формат, овозможувајќи персонализирано искуство приспособено на уникатниот дизајн на секој уред.
Најдобриот телефон е оној што се вклопува во вашиот живот, а портфолиото на Samsung Galaxy е дизајнирано да ви помогне да го пронајдете вистинскиот. Од Galaxy Z TriFold, претставен претходно оваа година, до најновата Galaxy Z серија, „Samsung“ е посветен на развојот на своето портфолио на преклопливи телефони за да одговори на широкиот спектар потреби и начини на живот.
[1]Измерен дијагонално, големината на екранот на надворешниот екран на Galaxy Z Fold8 Ultra е 6,5 инчи во целосниот правоаголник и 6,5 инчи ако се земат предвид заоблените агли. Големината на главниот екран е 8,0 инчи во целосниот правоаголник и 8,0 инчи ако се земат предвид заоблените агли; фактичката област за гледање е помала поради заоблените агли и дупчето за камерата.
[2]Основните функции на Galaxy AI што ги обезбедува Samsung се бесплатни. Идните изданија може да вклучуваат подобрени функции или ноти услуги што се нудат на платена основа.
За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

