(ВИДЕО) ВРЕЌА ПОЛНА СО ПАРИ ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА Претседателот на Динамо ги шокираше фудбалерите, па им вети уште 500.000 евра

По пласманот во плејофот за Конференциската лига, Ардијан Барди им подели бонуси на играчите, а за елиминација на Пафос подготвува вистинско богатство.

(ВИДЕО) ВРЕЌА ПОЛНА СО ПАРИ ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА Претседателот на Динамо ги шокираше фудбалерите, па им вети уште 500.000 евра
Фото: Принтскрин

Претседателот на Динамо Тирана, Ардијан Барди, приреди вистинско изненадување за своите фудбалери по пласманот во плејофот за Конференциската лига.

Албанскиот тим со вкупни 4:1 ја елиминира Ауда од Латвија, а по натпреварот Барди влегол во соблекувалната со вреќа полна со пари и им поделил бонуси на играчите за остварениот успех.

Но, тоа не било сè. Претседателот на Динамо им ветил уште поголема награда и дури 500.000 евра доколку успеат да го елиминираат Пафос од Кипар и да обезбедат место во лигашката фаза на Конференциската лига.

Необичната сцена од соблекувалната веднаш привлече големо внимание, а јасно е дека мотивацијата кај фудбалерите сега е на највисоко ниво.

Сепак, пред Динамо Тирана стои многу посериозен предизвик. Пафос минатата сезона настапуваше во Лигата на шампионите и во двомечот влегува како фаворит.

Првиот натпревар ќе се игра во четврток во Тирана, каде што домашниот состав ќе се обиде да направи уште еден чекор кон пласман во европската лига.

CATEGORIES
Share This