ИГРА ЗА РЕАЛ, А ГО НАВРЕДУВАА ВО МАДРИД Шпанците му приредија пекол на Мбапе

И покрај тоа што е фудбалер на Реал Мадрид, Мбапе доби свирежи и навреди од дел од навивачите во шпанската престолнина.

ИГРА ЗА РЕАЛ, А ГО НАВРЕДУВАА ВО МАДРИД Шпанците му приредија пекол на Мбапе
Фото: Принтскрин

Шпанските навивачи упатија остри навреди кон капитенот на француската репрезентација Килијан Мбапе за време на полуфиналниот дуел меѓу Шпанија и Франција на Светското првенство. Шпанија славеше со 2:0 во Далас и обезбеди пласман во финалето, а додека навивачите во Мадрид и низ целата земја ги следеа натпреварите на големите екрани, посебно внимание посветија на ѕвездата на Реал Мадрид.

Иако Мбапе настапува за „кралскиот клуб“, најжестоките реакции токму од Мадрид беа насочени кон него. Според „RMC Sport“, дел од шпанските навивачи со свирежи ја испратиле француската химна „Марсељеза“, а во текот на натпреварот упатувале навредливи скандирања кон францускиот напаѓач. Причината за негативниот однос дел од навивачите ја гледаат во неговите настапи за клубот и репрезентацијата. По сезоната во која Реал Мадрид остана без трофеј, Мбапе често беше критикуван поради неговата игра, а дел од навивачите му забележаа дека покажува поголем ангажман во дресот на Франција отколку во клупскиот тим.

Незадоволството стигна дотаму што одредени групи навивачи побараа промени во клубот, а тензиите продолжија и за време на Светското првенство. Така, Мбапе се соочи со непријателска атмосфера во градот каде што настапува во текот на сезоната, и тоа пред еден од најважните натпревари за француската репрезентација.

CATEGORIES
Share This