АМСМ ОБЈАВИ НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ Суви коловози, но внимание на овие четири делници
Сообраќајот се одвива по суви коловози, на граничните премини нема подолги задржувања, но АМСМ апелира на зголемена претпазливост на неколку патни делници.

Според последните информации од АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива непречено по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот е зголемен на патните правци надвор од градските средини, но на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено низ котлините, речните долини и клисурите каде постои ризик од појава на одрони. Посебна претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување за возачите: од 15 април патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е повторно отворен за сообраќај за сите возила со вкупна маса до 3,5 тона.


