ПЕКОЛНИ 38 СТЕПЕНИ Македонија под удар на жештините, а потоа следува пресврт
Метеоролозите најавуваат комбинација од високи температури и локални врнежи, па се препорачува претпазливост при престој на отворено.

Фото: Национал
Денес времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневната температура ќе се движи од 13 до 38 степени.
Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а во делови од котлината попладне се можни краткотрајни поројни врнежи и грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне 36 степени, атмосферскиот притисок ќе изнесува 981 hPa, влажноста на воздухот 32 проценти, а брзината на ветерот околу 4 метри во секунда.
CATEGORIES Македонија


