ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО КИЧЕВО – Демократската партија на Ромите избра нови лица, нов тим и нова енергија

Партијата продолжува со јакнење на своите структури низ државата, со фокус на активни општински организации и поголема поврзаност со граѓаните.

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО КИЧЕВО – Демократската партија на Ромите избра нови лица, нов тим и нова енергија
Фото: ДПР

Претседателот на Демократската партија на Ромите, Милјазим Сакипов, придружуван од членови на претседателството на партијата, на 11 јули 2026 присуствуваше на изборен состанок на Општинската организација на ДПР – Кичево.

На состанокот беше избрано новото раководство на Општинската организација на ДПР – Кичево, со цел понатамошно зајакнување на партиската структура и поактивно делување во интерес на Ромите и на сите граѓани.

За ново раководство на Општинската организација ДПР Кичево беа избрани:

  1. Самир Арифоски – претседател на О.О. Кичево
  2. Енсер Реџепоски – потпретседател
  3. Енис Арифоски – секретар
  4. Сенаија Асаноски – благајник

Во состав на општинското претседателството беа избрани и уште девет членови, кои заедно со новото раководство ќе работат на реализација на програмските цели и приоритети на Демократската партија на Ромите на локално ниво.

Претседателот на ДПР, Милјазим Сакипов, упати честитки до новоизбраното раководство и им посака успешна, одговорна и посветена работа, со посебен акцент на активното застапување на интересите на Ромите и на сите граѓани и продолжување на политиките за развој и напредок.

Демократската партија на Ромите останува посветена на јакнење на своите општински организации и во наредниот период ќе продолжи со создавање на поактивна и поефикасна партиска мрежа низ целата држава.

  

CATEGORIES
Share This