ГО КАЧИВМЕ ВО ПРИВАТЕН АВИОН, НАПРАВИМЕ СЕ…Клоп откри како Ливерпул го бркал Мбапе
Германецот откри детали за неуспешниот обид на „црвените“ во 2017 година да ја доведат тогаш младата француска ѕвезда.

Франција со победата над Мароко обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство, а во пресрет на натпреварот, поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, откри интересни детали за обидот на англискиот клуб во 2017 година да го ангажира тогаш 18-годишниот Килијан Мбапе.
Клоп беше присутен на четвртфиналниот дуел меѓу Франција и Мароко и од трибините ја следеше уште една одлична партија на француската ѕвезда. По натпреварот, Мбапе дури ја прекина прославата за да се поздрави со германскиот стратег, со кого одамна има пријателски однос.
Средбата беше повод Клоп да се присети на летото 2017 година, кога Ливерпул сериозно се обидел да го доведе Мбапе од Монако. Германецот откри дека клубот вложил огромни напори за да го убеди младиот напаѓач да пристигне на „Енфилд“.
„Мбапе е најскапиот случај во кој вложивме средства, а трансферот никогаш не се реализираше. Летавме од Блекпул до Ница. Таму целото семејство Мбапе се качи во приватен авион и беа пет или шест лица“, раскажа Клоп.
Тој откри дека Ливерпул направил посебна организација за средбата со семејството на фудбалерот.
„Навистина се потрудивме. Летавме, разговаравме со семејството, јадевме добра храна… Сето тоа се случи во авионот“, додаде германскиот тренер.
На прашањето дали клубот избегнувал да биде виден во јавност со Мбапе поради можноста за трансфер, Клоп појасни:
„Не ни беше дозволено да бидеме видени. Само кружевме. Беше фантастично“.
Сепак, и покрај големите напори на Ливерпул, трансферот не се реализираше. Мбапе одлучи кариерата да ја продолжи во Пари Сен Жермен, каде што подоцна стана една од најголемите фудбалски ѕвезди во светот.
„А потоа отиде во Париз…“, кратко заклучи Клоп.


