СТОПИРА ЛИ ИЗГРАДБАТА Дозволите за градење паднаа за 27,5 проценти“
Во мај се издадени 340 одобренија за градење, а предвидената вредност на објектите е намалена за 15,2 проценти во однос на лани.

Бројот на издадени одобренија за градење во мај 2026 година бележи значителен пад во однос на истиот период минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во текот на месецот биле издадени вкупно 340 одобренија за градење, што е намалување за 27,5 проценти споредено со мај 2025 година. Вкупната предвидена вредност на објектите за кои се издадени дозволи изнесува 6,67 милијарди денари, што претставува пад од 15,2 проценти на годишно ниво.
Од вкупниот број одобренија, најголем дел, односно 229 или 67,3 проценти, се однесуваат на објекти од високоградба. За објекти од нискоградба се издадени 22 одобренија (6,5 проценти), додека 89 одобренија (26,2 проценти) се поврзани со реконструкции. Физичките лица се јавуваат како инвеститори кај 214 објекти, што претставува 62,9 проценти од вкупниот број, додека деловните субјекти се инвеститори во 126 објекти или 37,1 проценти.
Според податоците на ДЗС, во мај е планирана изградба на 840 станови со вкупна корисна површина од 71.561 квадратен метар. Најголем број одобренија за градење се издадени за високоградба, а по региони предничи Источниот Регион со 76 одобренија.


