ПОЛНИ МАГАЦИНИ, ПАД НА ОТКУПОТ Владата најавува нови правила за увоз на млеко

Мицкоски најави построги критериуми за млеко во прав и мерки за поддршка на домашните млекопроизводители.

ПОЛНИ МАГАЦИНИ, ПАД НА ОТКУПОТ Владата најавува нови правила за увоз на млеко
Фото: Принтскрин

Владата подготвува измени на правилникот за увоз на млеко во прав и палмино масло, како и мерки за намалување на залихите во млекарниците и поддршка на домашните млекопроизводители, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Според него, проблемите во секторот се последица на претходни измени на регулативата со кои биле олеснети условите за увоз. Тој посочи дека големите залихи во млекарниците влијаат врз откупот и цената на суровото млеко од фармерите.

Мицкоски најави построги критериуми за увоз, стимулирање договори меѓу фармерите и преработувачите, како и исплата на субвенциите за 2025 година по завршувањето на ребалансот на Буџетот.

CATEGORIES
Share This