НОВ РАСТ НА БЕНЗИНСКИТЕ Горивата повторно поскапеа, дизелот најмногу удри по џебот

Од полноќ важат новите цени на горивата, а најголем скок има кај дизелот кој поскапе за 2,5 денари по литар.

НОВ РАСТ НА БЕНЗИНСКИТЕ Горивата повторно поскапеа, дизелот најмногу удри по џебот
Фото: Национал

Од полноќ стапија во сила новите малопродажни цени на нафтените деривати, со што возачите повторно ќе плаќаат повеќе за гориво.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за еден денар и сега изнесува 85,5 денари за литар. За исто толку поскапе и ЕУРОСУПЕР БС-98, кој ќе се продава по 87,5 денари за литар.

Најголемо поскапување има кај ЕУРОДИЗЕЛОТ, чија цена е зголемена за 2,5 денари, па еден литар од полноќ чини 82,5 денари.

Поскапе и екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денари, со нова цена од 81,5 денари за литар.

Единствениот дериват со пониска цена е мазутот, кој поевтинува за 0,3 денари и сега ќе се продава по 41,2 денари за килограм.

CATEGORIES
Share This