ДОЛАРИ СО ПОТПИС НА ТРАМП ВЛЕГОА ВО ОПТЕК – Што се случува?
Американското Министерство за финансии потврди дека во оптек се нови банкноти со потпис на Доналд Трамп.

Американскиот министер за финансии, Скот Бесант, соопшти дека во оптек се пуштени банкноти од американски долари со потпис на претседателот Доналд Трамп, по повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави.
Бесант ја потврди одлуката на платформата X, споделувајќи објава на претседателот Трамп, заедно со фотографија од банкнота од 100 долари со негов потпис.
Тој изјави дека „нема подобар начин да се одбележат историските достигнувања на нашата голема земја и претседателот Доналд Џ. Трамп отколку со американски банкноти потпишани од него“, додавајќи дека ваквото издание е соодветно за одбележување на 250-годишнината од државата.
Според „Блумберг“, американските банкноти традиционално ги носат потписите на секретарот за финансии и благајникот на САД, а не на претседателот.
Администрацијата во Вашингтон претходно го вклучи името на Трамп во Американскиот институт за мир и во одборот на Центарот за сценски уметности „Џон Ф. Кенеди“, кој тој го презеде на почетокот на својот втор мандат. Подоцна, судија нареди неговото име да биде отстрането од уметничкиот комплекс.
Во меѓувреме, во тек е и процесот за преименување на Меѓународниот аеродром Палм Бич во Флорида во негова чест.
ПРОТЕЧЕ ИНФОРМАЦИЈА Се подготвува банкнота од 250 долари со лик на Доналд Трамп


