ГРАБЕЖОТ СЕГА НИ СЕ ВРАЌА Бачев со порака што крена прашина
Пораката предизвика реакции и дебата на социјалните мрежи.

Професорот и претседател на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, преку објава на Фејсбук со конкретен пример ја посочува иронијата на денешната состојба, која според него е последица од криминалната и неправедна приватизација со која е извршен грабеж на општествениот капитал.
Јанко Бачев фејсбук:
Е*ЕЊЕ НА НАРОДОТ ВО ЗДРАВ МОЗОК
Се извинувам за вулгарниот наслов, но немам поблаги зборови.
Денеска прочитав дека државата ја одбила понудата на „Македонија турист“ да го купи хотелот „Јадран“. Хотелот има статус на објект од посебно културно значење и според законот најпрво мора да ѝ биде понуден на државата а после на други купувачи. Тоа е законска процедура и до тука нема ништо спорно.
Но, има едно големо АМА. Во криминалната приватизација бандитите од „Македонија турист“ ги украдоа хотелите „Јадран“ „Бристол“ „Белви“, Бест Вестерн Хотел Турист“, „Карпош“ и „Гранд, Холидеј Ин“.
И ДОАЃАМ ДО ПОЕНТАТА ЗА ДУПЕЊЕ НА НАРОДОТ ВО ЗДРАВ МОЗОК. БАНДИТИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈА ТУРИСТ“ ВО КРИМИНАЛНАТА ПРИВАТИЗАЦИЈА БЕЗ ДА ИЗВАДАТ ДЕНАР ОД ЏЕБ ГИ ОПЉАЧКАА ОД ДРЖАВАТА ХОТЕЛИТЕ И СЕГА, ПАЗЕТЕ ДОБРО, НА ИСТАТА ДРЖАВА И ГО ПРОДАВААТ ИСТИОТ ХОТЕЛ АМА СЕГА ОД ПОЗИЦИЈА НА ГАЗДИ.
Лудо е да го опљачкаш работниот народ кој 50 години во социјализмот со невиден ентузијазам го создаваше државниот/општествениот имот, но уште полудо е сега на истиот тој народ/држава да му го продаваш истиот хотел да ти го купи со буџетски/народни пари а претходно си го украл хотелот од истиот народ/држава.
И уште нешто. Лага е дека повеќе не им можат ништо, дека поминало многу време…не е точно. Има начин и јас #знам #можам, #смеам како да се исправи неправдата од криминалната, нечесната и неморалната приватизација, во која беше опљачкан општествениот капитал, кој 50 години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот. И сето тоа ќе биде во согласност со Уставот и законот!


