ТРАГЕДИЈА НА ИЗЛЕТ Семејство погодено од несреќа во реката Струма

Трагедијата се случила за време на семеен излет покрај реката Струма.

ТРАГЕДИЈА НА ИЗЛЕТ Семејство погодено од несреќа во реката Струма
Фото: Принтскрин

На реката Струма, во близина на селото Пастух во општина Невестино, Бугарија, се случи тешка трагедија во која животот го загубија баба и дедо, додека потрагата по две деца на возраст од околу 10 години сè уште е во тек. Според информациите што ги потврди полицијата за бугарскиот портал „NOVA“, семејството било на излет кога се случила несреќата.

Регионалниот гувернер на Ќустендил, Атанас Гергинов, изјави дека двете внучиња почнале да се дават, по што бабата и дедото скокнале во реката во обид да ги спасат. Нивните тела подоцна биле пронајдени во водата. Местото каде што престојувало семејството е означено како камп, а според Гергинов, реката во тој дел е длабока меѓу осум и десет метри, што значително ја отежнува спасувачката акција.

Во семејството имало и трето дете, на возраст од околу шест години, роднина на исчезнатите момчиња, кое е пронајдено неповредено и во добра здравствена состојба. Во потрагата по исчезнатите деца учествуваат полицијата, противпожарните и спасувачките служби, како и голем број доброволци. Во акцијата се користат и дронови за пребарување на теренот.

„Обезбедено е сè што е потребно, а полицијата и пожарникарите се на терен. Имаме добра организација“, изјави Гергинов.

Потрагата по двете деца продолжува.

CATEGORIES
Share This