ПО ДОЛГА ПАУЗА Возовите повторно тргнуваат, еве што се менува од денес

По неколкудневен прекин поради ремонт, дел од возовите повторно сообраќаат на клучните релации низ земјата.

ПО ДОЛГА ПАУЗА Возовите повторно тргнуваат, еве што се менува од денес
Фото: Принтскрин
ЈП „Железници Инфраструктура“ соопшти дека од денеска повторно се пуштаат во сообраќај патничките возови кои беа привремено запрени поради градежни активности на делницата Скопје – Велес, во рамки на проектот „Градски воз“, на потегот од станица Скопје до станица Зелениково. Прекинот во железничкиот сообраќај траеше од 22. минатиот месец, за време на кој се изведуваа ремонтни работи како дел од првата фаза од проектот „Градски воз“, кој предвидува поврзување на Зелениково со Драчево, Лисиче, Аеродром и Транспортниот центар во Скопје.

Според најавата, повторно ќе сообраќаат следните патнички возови: На релација Скопје – Гевгелија воз 611 (06:20) на 3.7.2026 и воз 631 (16:55) на 2.7.2026 година. На релација Гевгелија – Скопје воз 632 (17:02) на 3.7.2026 и воз 630 (04:30) на 3.7.2026 година. На релација Скопје – Велес воз 2083 (22:40) на 2.7.2026 година. На релација Велес – Скопје воз 600 (05:00) на 3.7.2026 година.

Воедно, дел од возовите на релација Скопје – Битола – Скопје (640, 641, 644 и 645) нема да сообраќаат, како и возовите на релација Битола – Велес – Битола (642 и 643), информираат од ЈП „Железници Инфраструктура“.

CATEGORIES
Share This