СОНЧЕВОТО УТРО МАМИ Попладне Македонија под удар на невреме со дожд, град и силен ветер
ХМР предупредува на локални поројни врнежи, грмежи, ветер над 60 км/ч и можна појава на град, додека температурите ќе достигнат до 34 степени.

Времето денеска (3 јули) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но попладневните часови носат нестабилност во повеќе делови од земјата. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), се очекуваат локални поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура ќе се движи од 16 до 34 степени.
Од УХМР предупредуваат дека на одделни места процесите ќе бидат поинтензивни, со пообилен дожд од над 15 литри на квадратен метар, ветер со брзина поголема од 60 километри на час и можна појава на невреме проследено со град.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.


