ДАЛИ СОТИР ЛУКРОВСКИ ГО ПРЕКРШИЛ ЗАКОНОТ Тешки обвинувања од Стевчо Јакимовски

Јакимовски тврди дека градоначалникот на Карпош не се појавува на работа повеќе од една недела по истеченото боледување

ДАЛИ СОТИР ЛУКРОВСКИ ГО ПРЕКРШИЛ ЗАКОНОТ Тешки обвинувања од Стевчо Јакимовски
Фото: Национал

Лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, изјави дека актуелниот градоначалник на општината, Сотир Лукровски, веќе една недела не се појавува на работа, иако, како што тврди, му е истечено боледувањето.

Според Јакимовски, во документот за боледување стои дека вработениот требало да се врати на работа на 30 мај, но од тој датум па наваму не се појавил на работното место. Тој се повика на Законот за работни односи, наведувајќи дека ако работникот не се јави три последователни дена без оправдување, може да следи отказ без отказен рок.

Јакимовски тврди дека во овој случај нема ново боледување, обвинувајќи дека лекарите одбиле да издадат, како што рече, „неосновано“ оправдување. Тој додаде дека градоначалникот може да отсуствува само со службено отсуство, годишен одмор или боледување, а во овој случај, според него, нема валидна основа.

Поранешниот градоначалник го критикуваше и односот на власта, тврдејќи дека случајот се толерира и покрај, како што рече, јасните законски одредби. Тој побара реакција од Трудовиот инспекторат и оцени дека станува збор за неправилност на штета на граѓаните на Општина Карпош.

Јакимовски посочи дека општината е во состојба на застој и дека граѓаните се незадоволни од функционирањето на локалната власт. Според него, најдобро решение би биле предвремени локални избори, за граѓаните повторно да одлучат за раководството.

На крајот, тој порача дека општината има значајни инфраструктурни достигнувања од претходни мандати и додаде дека конечната одлука за евентуална нова кандидатура ќе зависи од анкетите и расположението на граѓаните.

CATEGORIES
TAGS
Share This