СЕВЕРИНА ГО РАЗДВИЖИ РЕГИОНОТ Спектакл што ја „запали“ Гевгелија
Над 25.000 посетители го исполнија новиот трговски комплекс.

Третиот ден од свеченото отворање на МЕГА Шопинг Парк во Гевгелија беше одбележан со рекордна посетеност и голем интерес од целиот регион. Над 25.000 посетители од земјата и соседството го исполнија новиот трговски комплекс, потврдувајќи го неговиот статус како значајна регионална дестинација. Главен настан на вечерта беше концертот на поп-ѕвездата Северина.
Програмата започна со настап на шоуменот Жаре Бербер, кој ја загреа атмосферата и ја подигна енергијата на присутните. Кулминацијата следеше со излегувањето на Северина, која со своите хитови и препознатлив настап приреди вечер за паметење, исполнувајќи го просторот до последно место.
Во текот на денот, посетителите имаа можност да уживаат во разновидна програма наменета за сите возрасти. Најмладите беа дел од детскиот музички фестивал „Калинка“, претставата „Super Music Talent Show“, парадата со маскоти и игрите со тркало на среќата. Особено внимание привлече настапот на школата за тапани од Пионерскиот дом Гевгелија, кој внесе локален дух и дополнителна енергија во програмата.
На простор од над 20.000 квадратни метри, МЕГА Шопинг Парк уште во првите денови се позиционира како еден од најмодерните трговски комплекси во регионот. Во Fashion зоната од 12.000 квадратни метри се сместени бројни брендови како New Yorker, LC Waikiki, Sinsay, Sport Reality, Intersport, Koton, Sara Fashion, Bonatti и други.
Home Decor и DIY зоната на 5.000 квадратни метри нуди продавници како Jysk, Pepco, Comodita и Office Plus, додека трговскиот дел го дополнуваат Сетек, Тинекс, Зегин, ДМ, Жан Митрев, Skin Clinic и NEST 24/7.
Забавната зона Bo Bowling & Gaming Arcade, Gourmet Avenue со понуда на KFC, Gyro House и други угостителски брендови, како и Smart & Eco делот со 12 брзи полначи за електрични возила, го заокружуваат концептот на модерен трговско-забавен комплекс.
Со ваков старт, МЕГА Шопинг Парк се профилира како нова регионална дестинација за шопинг, забава и слободно време, која ја позиционира Гевгелија на мапата како атрактивна точка за посетители од целиот Балкан.
