НОВА ЕСКАЛАЦИЈА Уништени десетици цели и големи загуби кај украинските сили

Руско Министерство за одбрана за одмаздата по украински напади со прецизно оружје.

НОВА ЕСКАЛАЦИЈА Уништени десетици цели и големи загуби кај украинските сили
Фото: Принтскрин

Како одговор на, како што тврди руското Министерство за одбрана, украински напади врз цивилни цели на територијата на Русија, руските вооружени сили извршиле напад со прецизно водени ракети и беспилотни летала.

Според соопштението, биле погодени воени аеродроми и објекти од енергетска и транспортна инфраструктура што, како што се наведува, ги користат украинските вооружени сили.

Исто така се наведува дека различни руски воени групи пријавиле загуби кај украинските сили: Групата „Север“ уништила до 200 војници, едно оклопно возило и 16 автомобили, „Запад“ 180 војници, 21 автомобил, две артилериски средства и станица за електронско војување, „Југ“ 85 војници, три оклопни возила, четири артилериски средства и 13 автомобили „Центар“ 340 војници, осум оклопни возила и четири автомобили, „Исток“ повеќе од 455 војници, девет автомобили и едно артилериско средство и групата „Дњепар“ уништила повеќе од 60 војници, две артилериски средства, 12 возила и три станици за електронско војување.

Дополнително се тврди дека системите за противвоздушна одбрана собориле десет наведувани воздушни бомби, една ракета од американскиот систем HIMARS и 352 беспилотни летала.

CATEGORIES
Share This