ХЕГСЕТ ГО КРЕВА ТОН: Подготвени сме за напад врз Иран

Трамп бара „голем договор“ кој ќе спречи Иран да развие нуклеарно оружје.

ХЕГСЕТ ГО КРЕВА ТОН: Подготвени сме за напад врз Иран
Фото: Принтскрин

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД се подготвени да продолжат со воени акции против Иран доколку не се постигне договор, во услови кога Вашингтон и Техеран продолжуваат со разговори за надминување на клучните разлики што го блокираат напредокот.

Говорејќи на безбедносниот форум „Шангри-Ла“, на кој присуствуваат одбранбени лидери, воени претставници и дипломати, Хегсет нагласи дека САД се „повеќе од способни“ за такво сценарио и дека располагаат со „доволни залихи на оружје“, оценувајќи дека земјата е во „многу добра позиција“, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека САД не се повлекуваат од Азиско-пацифичкиот регион, и покрај фокусот на тековните преговори и тензиите со Иран.

„Ја зајакнуваме нашата одбранбена индустриска база со цел во иднина да можеме да произведуваме два, три или дури четири пати повеќе муниција“, изјави Хегсет.

Тој истакна и дека американскиот претседател Доналд Трамп се залага за „голем договор“ кој би гарантирал дека Иран нема да развие нуклеарно оружје.

Во меѓувреме, состанокот на Трамп со советниците за национална безбедност за можен договор со Иран завршил по околу два часа без конечна одлука. Според висок функционер на администрацијата цитиран од „Њујорк тајмс“, преговорите се блиску до договор, но остануваат нерешени прашања, меѓу кои и одмрзнувањето на иранските средства.

CATEGORIES
TAGS
Share This