ЕУ УДРИ ПО ТЕМУ Следи астрономска казна од 200 милиони долари евра

Истрага откри опасни полначи и детски играчки кои не ги исполнуваат стандардите на ЕУ.

ЕУ УДРИ ПО ТЕМУ Следи астрономска казна од 200 милиони долари евра
Фото: Принтскрин

Европската комисија одлучи да ја казни кинеската онлајн платформа „Тему“ со 200 милиони евра врз основа на Законот за дигитални услуги, поради тоа што, како што наведува, не презела доволно мерки за спречување на продажба на нелегални производи.

Според Брисел, постои значителен ризик потрошувачите во Европската Унија на оваа платформа да се соочат со небезбедни или нелегални артикли. Комисијата дополнително посочува дека Тему не воспоставила доволно строги механизми за проверка на безбедноста и законитоста на производите што се нудат.

ЕУ критички се осврнува и на пристапот на компанијата кон проценката на ризици, наведувајќи дека наместо специфични и детални анализи за сопствената платформа, се користат општи насоки за е-трговија. Според европските институции, и системот за промоција и маркетинг на Тему придонесува за зголемен ризик од ширење на нелегални производи.

Истрагата открила и конкретни безбедносни пропусти, при што дел од тестираните полначи не ги исполнувале основните стандарди, а одредени детски играчки содржеле штетни хемикалии над дозволеното или имале мали делови што можат да предизвикаат опасност од задушување.

На „Тему“ ѝ е даден рок до 28 август да достави план со мерки за отстранување на утврдените недостатоци. Доколку планот биде прифатен од Европската комисија, компанијата ќе добие дополнително време за имплементација на промените, а во спротивно може да се соочи со нови казни.

CATEGORIES
Share This