ОСТРА ИЗЈАВА ОД МОСКВА Ако НАТО тргне на Калининград, следи хаос во Балтикот
НАТО и Русија со спротивставени ставови за безбедноста на Калининград.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко изјави дека секој обид на НАТО да го блокира или заземе Калининград би имал сериозни последици, нагласувајќи дека Русија располага со сите потребни капацитети за да одговори на такви сценарија.
Тој за RT истакна дека Москва ги има сите средства, кои, како што рече, се и ефикасни и не мора да бидат скапи, за да реагира на евентуални потези против регионот.
Грушко предупреди дека во случај на таков развој на настаните, Балтичкото Море би можело да стане зона на директна конфронтација со зголемен интензитет на воени активности.
Според него, во Полска и балтичките држави би биле распоредени сили на ниво на бригади, додека разузнавачките активности значително би се засилиле.
Тој додаде дека НАТО реално нема можност да го освои Калининград и дека самата Алијанса, според неговите зборови, е свесна за тоа.
Од друга страна, литванскиот министер за надворешни работи Кестутис Будрис претходно изјави дека НАТО има капацитет да ги неутрализира руските системи за воздушна одбрана и ракетните позиции во Калининград, доколку се појави потреба, откако Русија го опиша Калининград како „неосвоива тврдина“.
