ДРАМАТИЧЕН ПРЕСВРТ Владиката Петар „исфрлен“ од врвот на Синодот, еве кој го заменува

Владиката Петар повеќе не е во работниот состав, избрани се нови членови и заменик.

ДРАМАТИЧЕН ПРЕСВРТ Владиката Петар „исфрлен“ од врвот на Синодот, еве кој го заменува
Фото: Принтскрин

Светиот архијерејски синод на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија донесе промени во својот работен состав, при што владиката Петар повеќе не е дел од постојаниот синодски состав по истекот на неговиот мандат. На негово место е избран митрополитот Наум, додека за негов заменик е назначен митрополитот Пимен.

Со новата одлука, тричлениот работен состав на САС го сочинуваат архиепископот Стефан, митрополитот Наум и митрополитот Агатангел.

На седницата беше формирана и посебна комисија која ќе ја разгледува материјално-финансиската состојба на новоформираните епархии. Засега, не се донесени одлуки во врска со барањата на поранешните членови на ПОА, ниту се соопштува дали биле разгледувани конкретни барања на владиката Петар.

Синодот ги разгледа и усвои годишните извештаи од епархиите во земјата и дијаспората, при што посебен фокус бил ставен на демографските предизвици кај македонскиот православен народ.

Во рамки на пастирската грижа, донесена е одлука за формирање Фонд за поддршка на многудетни семејства.

Посебно внимание било посветено и на состојбата со духовното и културното наследство во црковните храмови и манастири. Синодот констатирал дека недостигот од стручни кадри за конзервација претставува сериозен проблем и упати апел до надлежните институции за итно преземање мерки за заштита на наследството.

Дополнително, беше поздравена работата на Богословијата како образовна институција при Црквата. Соопштено е дека наставната програма во учебната 2025/26 година трае четири години, а уписот на нови ученици е закажан за 19 јуни 2026 година.

CATEGORIES
TAGS
Share This