ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА Од сонце до дождови и грмежи
Метеоролозите најавуваат нестабилна облачност во текот на денот, со услови за локални временски непогоди.

Фото: Национал
Денеска (27.05) времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и температура во интервал од 10 до 33 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на изолирано невреме со град.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладене во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
CATEGORIES Македонија
