ТИВКИ МОМЕНТИ ВО РИМ – Архиепископ Стефан со силна порака за Кирил и Методиј

Молебен на гробот на свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим.

ТИВКИ МОМЕНТИ ВО РИМ – Архиепископ Стефан со силна порака за Кирил и Методиј
Фото: Принтскрин

Државно-црковна делегација претпладнево во базиликата „Сан Клементе“ во Рим присуствуваше на молебен на гробот на свети Кирил, по повод Денот на сесловенските просветители – 24 Мај.

Со молебенот чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со митрополитите на Европската и Дебарско-кичевската епархија, г. Пимен и г. Георгиј, како и свештеници од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Во своето слово за свети Кирил, архиепископот Стефан истакна дека делото на светите браќа Кирил и Методиј не исчезнало низ вековите и дека нивната жртва продолжува да раѓа нови плодови. Тој нагласи дека нивната просветителска мисија го ослободила словенскиот народ од „темнината“.

Плочата е поставена во 2015 година како благодарност од македонскиот народ за гестот на папата Адријан II, кој во 868 година во истата базилика ги осветил словенските книги донесени во Рим од браќата Константин (Кирил) и Методиј.

Делегацијата ќе го посети и гробот на папата Франциск во „Санта Марија Маџоре“, кој почина минатата година.

CATEGORIES
TAGS
Share This