ЦРНО-БЕЛА ДЕМОНИСТРАЦИЈА Ѕвезда немоќна, Партизан чекори кон титулата во АБА лига

Следи дуел со победникот од Дубаи – Будуќност серијата.

ЦРНО-БЕЛА ДЕМОНИСТРАЦИЈА Ѕвезда немоќна, Партизан чекори кон титулата во АБА лига
Фото: Принтскрин

Партизан е првиот финалист во Јадранската АБА-лига, откако со „метла“ и максимални 2-0 ја елиминира Црвена ѕвезда во полуфиналната серија.

„Црно-белите“ и на вториот натпревар беа подобри, овојпат на гостински терен славејќи со 78-89, што е поубедлив резултат од првиот меч 100-94.

Тие уште во првата четвртина најавија дека нема да дозволат мајсторка, добивајќи ја со 16-28, а на полувреме заминаа со солидна предност од 33-49.

Во третата четвртина Партизан стигна и до највисоки +20, но потоа следеше кратко опуштање, по што Црвена ѕвезда успеа да ја намали негативата на 14 поени.

Иако во последниот период разликата се намалуваше, таа ниту еден момент не падна во едноцифрена, па Партизан сосема заслужено обезбеди пласман во финалето на Јадранската лига.

Во финалето, „црно-белите“ ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу Дубаи и Будуќност, каде што екипата од Блискиот Исток веќе има водство од 1-0 во серијата.

CATEGORIES
Share This