ЕВРОПА ПОД ПРИТИСОК Кинеските автомобили доаѓаат преку француските фабрики
Историската фабрика на „Ситроен“ во Рен добива нова улога во европската автоиндустрија.

Фабриката на Стелантис во Рен-ла-Жане наскоро би можела да започне производство на најмалку еден модел од кинеската група Dongfeng Motor Corporation, наменет за европскиот пазар.
Во меѓувреме, погонот на Стелантис во Поаси ќе престане со производство на автомобили до 2029 година и ќе биде пренаменет за други активности, без отпуштања на вработените. Ова е дел од договор меѓу Стелантис, кој се соочува со вишок производствени капацитети во Европа, и Донгфенг кој сака да го зголеми своето присуство на европскиот пазар, избегнувајќи царински давачки.
Донфенг е долгогодишен партнер на поранешната ПСА група, а денес и на Стелантис. Претставници на кинеската компанија во последните месеци двапати ги посетиле француските капацитети, еднаш кон крајот на јануари и повторно на почетокот на април.
Фабриката во Рен, отворена во времето на генералот де Гол во раните 1960-ти, е историски центар на брендот Цитроен. Тука се произведувале модели како Ами 6, Ами 8, Дијана, ГС, БХ и подоцна Ц5, а денес главно се склопува Ц5 Aircross, SUV од средна класа. Објектот има капацитет за производство на најмалку 40.000 дополнителни возила годишно без значајни нови инвестиции, што создава простор за влез на Донгфенг.
Овој модел на соработка е сличен на договорот со Leapmotor, уште еден кинески производител кој соработува со Стелантис и ќе користи фабрики на групацијата во Шпанија (Мадрид и Сарагоса). Дел од капацитетите во Мадрид веќе се поврзани со заедничко претпријатие меѓу Leapmotor и Stellantis.
Покрај тоа, Стелантис планира да ги искористи и производствените капацитети на Донгфенг во Кина: од следната година два модели на Пежо ќе се склопуваат во фабриката на Донгфенг во Вухан, за локалниот пазар, заедно со уште два модели на Jeep.
