ПЛАТИТЕ СКОКНАА Еве колку изнесува просекот во Македонија

Годишен раст од 8,2% во однос на март 2025.

ПЛАТИТЕ СКОКНАА Еве колку изнесува просекот во Македонија
Фото: Принтскрин

Просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија за март 2026 година изнесува 48.433 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Во споредба со март 2025 година, платата е повисока за 8,2%, што укажува на раст на просечните примања по вработен.

Најзначаен придонес за овој пораст имаат одредени сектори, меѓу кои се издвојуваат транспорт и складирање со зголемување од 15,6%, дејности поврзани со недвижен имот со 12,2% и информациско-комуникацискиот сектор со раст од 11,6%.

Во однос на претходниот месец, забележано е зголемување и во истите области: транспорт и складирање со 10,9%, недвижен имот со 9,1% и информациско-комуникациски дејности со 8,5%.

CATEGORIES
Share This