ПУТИН И ТРАМП НА ИСТА МАСА – Кремљ откри можен состанок

Суштината е во содржината вели Песков за споредбите меѓу посетите на Путин и Трамп на Кина

ПУТИН И ТРАМП НА ИСТА МАСА – Кремљ откри можен состанок
Фото: Принтскрин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека теоретски е можна средба меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, на претстојниот самит на АПЕК во Кина оваа есен.

„Теоретски да. Средба со сите учесници е можна, затоа се одржуваат самитите“ – изјави Песков.

Тој одговараше на новинарско прашање за можноста за средба меѓу двајцата лидери, пренесува „Спутник“.

Песков додаде дека нема смисла да се прават споредби меѓу протоколарните аспекти на посетите на Путин и Трамп во Кина, нагласувајќи дека суштината е во содржината на разговорите, а не во церемонијалните детали.

„Не, има смисла да се споредува содржината. Не е секогаш лесно, бидејќи не сè е видливо на површината. Но, суштинската вредност е во содржината, а не во церемонијалните атрибути“ – истакна Песков.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин, за време на разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, потврди дека е подготвен да учествува на самитот во Шенжен. Разговорите меѓу двајцата лидери се одвиваат во Големата народна сала во Пекинг, каде Путин го нарече Си „драг пријател“, нагласувајќи дека односите меѓу Русија и Кина достигнале невидено ниво на стратешка соработка.

Од своја страна, Си Џинпинг истакна дека Кина и Русија, како големи глобални сили, треба да работат на изградба на пофер систем на глобално управување. Тој додаде дека односите меѓу двете земји, засновани на меѓусебно почитување и соработка, придонесуваат за стабилност и предвидливост во, како што рече, сè похаотичен свет.

CATEGORIES
Share This