ФИЛИПЧЕ ГО ПРЕДИЗВИКА МИЦКОСКИ – Ставете ги Бугарите во Уставот

Филипче го повикува Мицкоски да објасни зошто нема напредок кон ЕУ и зошто не се спроведуваат уставните измени.

ФИЛИПЧЕ ГО ПРЕДИЗВИКА МИЦКОСКИ – Ставете ги Бугарите во Уставот
Фото: Национал

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го повика премиерот Христијан Мицкоски да престане со, како што рече, отворање вештачки теми и да одговори зошто Владата не ги внесува Бугарите и другите малцинства во Уставот, како и зошто не продолжуваат преговорите со Европска Унија.

Филипче оцени дека уставните измени се неопходен чекор за продолжување на евроинтегративниот процес и ја обвини власта дека намерно создава поделби за да го избегне одговорот за недостатокот на реформи.

Според него, прашањата за албанскиот јазик, балансерот и правичната застапеност биле затворени со Охридски рамковен договор, но повторно се актуелизираат за да се дефокусира јавноста од, како што рече, главниот проблем, застојот на патот кон ЕУ.

Филипче ја коментираше и изјавата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за Преспански договор, оценувајќи дека со нејзините ставови индиректно признала дека претходно свесно ја доведувала јавноста во заблуда.

Тој порача дека државата има потреба од единство и реформи, а не од политички манипулации, додавајќи дека уставните измени се „чекор напред“ кон европската иднина на земјата.

CATEGORIES
Share This