ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДОЖДЛИВ ДЕН – Нестабилност и грмежи во повеќе делови од земјата
Метеоролозите најавуваат локално пообилни врнежи, грмежи и засилен северозападен ветер во западните и јужните делови од земјата.

Фото: Национал
Денеска (19.05) времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и температура во интервал од 7 до 22 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Локално во западните и јужните делови ќе има појава на нестабилност со пообилен пороен дожд, (над 20 l/m²), грмежи и засилен северозападен ветер.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија
