НАУЧЕН ПРОБИВ ПОТВРДЕН ОД ЦЕРН – Професорот Јанев со големо откритие за космосот

Објавувањето во астрофизичко списание на Американското астрономско друштво отвори нови дебати за темната енергија и границите на Универзумот.

НАУЧЕН ПРОБИВ ПОТВРДЕН ОД ЦЕРН – Професорот Јанев со големо откритие за космосот
Фото: Национал

Уште едно значајно меѓународно признание за проф. д-р Игор Јанев – неговиот научен труд за метадијалектиката и нејзиното можно влијание врз физиката на темната енергија и темната материја е објавен во „American Journal of Planetary and Space Science“, водечко списание на Американското астрономско друштво (AAS) со висок фактор на влијание во областа на астрофизиката.

Во трудот, професор Јанев разработува нов пристап кон разбирањето на темната енергија и границите на Универзумот, при што за првпат во историјата на физиката космолошката константа е поставена како временски зависна величина: Λ = Λ(t).

Според него, ова отвора нови перспективи за толкување на космолошките процеси и природата на квантниот вакуум. Професорот посочува дека резултатите од експериментите во ЦЕРН, спроведени на Големиот хадронски сударач, покажуваат појава на нови елементарни честички од таканаречениот „нулти простор“, односно од флуктуирачкиот квантен вакуум, што, според него, претставува потврда на неговата теорија.

Професор Јанев оценува дека ова истражување е неговиот најзначаен научен придонес досега и потенцијално важен чекор во редефинирањето на современите космолошки теории.

CATEGORIES
TAGS
Share This