ШВЕРЦ, ПОЛИТИКА И ЗАПАДОТ – Исповед на поранешен амбасадор за шверцот на цигари на Мило Ѓукановиќ

Тврдењата повторно го отворија прашањето за улогата на меѓународната заедница во балканските политички и криминални врски.

ШВЕРЦ, ПОЛИТИКА И ЗАПАДОТ – Исповед на поранешен амбасадор за шверцот на цигари на Мило Ѓукановиќ
Фото: Принтскрин

Американскиот дипломат Вилијам Монтгомери откри дека САД биле свесни за шверцот со цигари во Црна Гора, додека Велика Британија сакала Мило Ѓукановиќ да биде отстранет од власт поради тие активности. Според него, Ѓукановиќ го оправдувал шверцот како единствен начин за финансирање на црногорската влада, откако Слободан Милошевиќ ја прекинал финансиската поддршка од Белград.

Во интервју по повод Денот на независноста на Црна Гора, поранешниот американски амбасадор во СР Југославија, Вилијам Монтгомери, отворено зборуваше за улогата на Мило Ѓукановиќ во шверцот со цигари и за односите на Западот со тогашната власт во Подгорица.

Монтгомери изјави дека западните земји биле свесни за нелегалната трговија, но истовремено сметале дека е неопходно да му помогнат на Ѓукановиќ во периодот на конфликт со режимот на Слободан Милошевиќ.

„Очигледно, знаевме дека има шверц на цигари… Моравме да помогнеме во зајакнувањето на полицијата во Црна Гора, бидејќи тој беше под контрола… Моравме многу да му помогнеме на Ѓукановиќ“, изјавил Монтгомери.

Тој се осврна и на неговото пријателство со убиениот хрватски новинар и сопственик на неделникот Национал, Иво Пуканиќ, кој пишуваше за шверцот со цигари и наводната вмешаност на Ѓукановиќ. Според Монтгомери, еден од клучните извори на Пуканиќ бил бизнисменот Ратко Кнежевиќ.

Поранешниот амбасадор тврди и дека Кнежевиќ се обидувал да обезбеди западна поддршка за да го наследи Ѓукановиќ на власт.

„Тој дојде во Загреб, во американската амбасада, формално да побара наша поддршка. Му реков не и му забранив влез во амбасадата“, изјавил Монтгомери.

CATEGORIES
TAGS
Share This