MONEY. MIND. INFLUENCE – Настанот што ги собира моќните лидери во Македонија

Повеќе од 200 бизнис лидери и носители на одлуки на едно место.

MONEY. MIND. INFLUENCE – Настанот што ги собира моќните лидери во Македонија
Фото: Принтскрин

Утре, на 19 мај 2026 година (вторник), во хотелот DoubleTree by Hilton Skopje ќе се одржи петтото јубилејно издание на годишната конференција EqualXChange vol.5: “Money. Mind. Influence.”, во организација на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA.

Настанот оваа година бележи исклучително голем интерес во бизнис заедницата и ќе собере повеќе од 200 учесници од приватниот сектор, меѓу кои C-level лидери, претприемачи, менаџери, HR професионалци и носители на одлуки. Темата „Money. Mind. Influence.” ги опфаќа клучните предизвици во современото работење: финансиска писменост и носење одлуки во услови на нестабилни пазари, ментална издржливост, wellbeing и продуктивност на вработените, како и лидерство, комуникација, преговарање и влијание во организациската култура.

EqualXChange во изминатите пет години прерасна од иницијатива фокусирана на родова еднаквост во значаен бизнис-настан кој отвора дискусии за работата, лидерството и развојот на организациската култура. Денес конференцијата претставува платформа за размена на искуства, идеи и практични решенија поврзани со продуктивноста, развојот на човечкиот капитал и одржливиот раст.

Овогодинешната програма вклучува keynote презентации, fireside chat разговори, панел-дискусии и networking сегменти, насочени кон реални бизнис предизвици и практични искуства од лидери кои секојдневно управуваат со раст и промени во своите организации.

На сцената ќе настапат реномирани експерти и професионалци од различни индустрии, меѓу кои Иван Ивановски (PrimeClass.mk), д-р Катерина Бошевска (EOS Matrix Македонија и Косово), Милан Петковски (Меѓународна организација на трудот – МОТ), Нина Ангеловска Станков (GEA и Асоцијација за е-трговија), Бобан Милошевски (Avalon продукција), Коста Петров (P World), Трајче Николов (Пивара Скопје), Сања Ѓорѓева (Dr. Goodnight), д-р Весна Чадо (PLX Academy), Марина Анчевска (Центар за Бизнис психологија, Системски НЛП и Системска Коучинг Академија), Франка Граждани (223 и Ethereum Македонија) и други.

Покрај главната програма, конференцијата вклучува и expo сегмент и networking простор посветен на компании и партнери кои придонесуваат кон развој на инклузивно и одржливо бизнис опкружување.

Реализацијата на конференцијата е поддржана од бројни партнери кои го препознаваат значењето на современото лидерство и вложувањето во луѓето и организациската култура. Меѓу нив се PrimeClass.mk како златен партнер, EOS Matrix Македонија и проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија и спроведен од МОТ, како track партнери, Cosmo Tinex како сребрен партнер и Delight Office Solution како бронзен партнер, заедно со други поддржувачи.

Иницијативата GEA, основана од Асоцијацијата за е-трговија, работи на промовирање инклузивна работна култура и еднакви можности за сите, преку три клучни столба: еднаква застапеност на мажи и жени на сите нивоа, еднаква плата за иста работа и еднакви можности за напредок. Алијансата е поддржана од повеќе компании и организации кои заеднички придонесуваат кон нејзините цели.

Повеќе информации и целосната агенда се достапни на: equalxchange.mk

CATEGORIES
Share This