ЖИТЕЛИТЕ ВО НЕВОЛЈА – Дел од Центар останува без вода, а две општини без струја
Прекинот трае до санирање на дефектот и екипите се на терен.

РЦУК Скопје информира дека денеска поради дефект на шибер Ф-300 мм на улица „Никола Карев“ бб во населба Центар ќе има прекин во водоснабдувањето.
Без вода ќе останат корисниците од улиците „Никола Карев“ и „Мирче Ацев“, дел од населбата Пролет, како и Центарот за јавно здравје, ОУ „11 Октомври“ и детската градинка во општина Центар.
Прекинот на водоснабдувањето започнува од 09:00 часот и ќе трае до санација на дефектот.
Во меѓувреме, од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска ќе има и прекини во снабдувањето со електрична енергија од 08:00 до 15:00 часот корисниците од улиците Пелагонија, Брсјачка Буна, Демирхисарска и Индира Ганди 31 во општина Шуто Оризари додека од 09:00 до 12:00 часот дел од улица 4 и дел од улица 8 во Горно Соње, општина Сопиште.
