НЕИЗВЕСНО ГЛАСАЊЕ ДО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ – Бугарија победник на Евровизија 2026
Финалето во Виена донесе спектакуларна продукција со настапи на 25 земји и 13 јазици.

Бугарија е победник на Евровизија 2026, која свечено се одржа во Виена.
По драматично и неизвесно гласање, бугарската претставничка Дара заедно со својата група успеа да ја освои европската публика и да триумфира на јубилејното издание на најголемото музичко шоу во Европа.
Финалната вечер беше отворена со импресивен настап во придружба на Виенскиот симфониски оркестар, а водители на програмата беа Викторија Сваровски и Михаел Островски.
Во финалето настапија 25 земји, а годинава на сцената се изведуваа песни на 13 различни јазици, при што дел од учесниците комбинираа мајчин јазик со англиски.
Шоуто го отвори минатогодишниот победник Џеј-Џеј со песната „Кралицата на ноќта“, по што започна натпреварувачкиот дел на вечерта.
Редоследот на настапите започна со Данска, а потоа следуваа Германија, Израел, Белгија, Албанија, Грција, Украина, Австралија, Србија, Малта, Чешка и Бугарија, па Хрватска, Обединетото Кралство, Франција, Молдавија, Финска, Полска, Латвија, Шведска, Кипар, Италија, Норвешка, Романија, додека финалето го затвори домаќинот Австрија.
Победникот беше одреден со комбинирање на гласовите од националните жири-комисии и телефонското гласање на публиката, при што годинава беше дозволено од еден телефонски број да се гласа најмногу десет пати.
