ХАВАНА СО ОСТРА ПОРАКА ДО САД – Ќе се браниме доколку бидеме нападнати
Министерството за надворешни работи реагираше на наводните американски сценарија и можни мерки.

Куба соопшти дека ќе се брани доколку дојде до напад врз земјата, изјави Министерството за надворешни работи преку објава на социјалната мрежа X.
Во меѓувреме, американските медиуми, меѓу кои и „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори од американската администрација, пренесоа дека се разгледуваат сценарија поврзани со можни мерки против поранешниот кубански лидер Раул Кастро, по пример на случувањата во Венецуела.
„Доколку Куба биде нападната, таа ќе го искористи своето право на легитимна одбрана“, се наведува во соопштението на кубанското МНР.
Претседателот Мигел Дијаз-Канел претходно изјави дека кубанските власти нема да подлегнат на надворешен притисок за промена на власта, нагласувајќи дека Куба и Венецуела имаат различни историски и политички околности, па споредбите меѓу нив не се соодветни.
