ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА – Државата се задолжува, буџетот е во дефицит

Филипче тврди дека новото задолжување е доказ за лошо управување со јавните финансии.

ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА – Државата се задолжува, буџетот е во дефицит
Фото: Принтскрин

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски лошо управува со државните финансии и ја турка земјата кон сериозна економска криза. Според него, буџетската состојба е алармантна, нема доволно средства за повисоки плати и мерки за граѓаните, додека задолжувањето постојано расте.

Филипче оцени дека економските политики на власта не даваат резултати и дека граѓаните не чувствуваат подобрување на животниот стандард. Тој посочи дека нема значителен раст ниту на минималната ниту на просечната плата, а дополнителен доказ за лошото менаџирање, според него, е последното задолжување на државата.

Според лидерот на СДСМ, Владата побарала заем од 300 милиони евра за покривање на буџетскиот дефицит, но обезбедила 260 милиони евра. Тој тврди дека дефицитот и инфлацијата продолжуваат да растат, а разликата меѓу приходите и расходите во буџетот се продлабочува.

Филипче додаде дека јавниот долг од 2024 година до денес е зголемен за околу две милијарди евра, оценувајќи дека актуелната власт ја води државата кон финансиски проблеми.

CATEGORIES
Share This