СЕ Е ПОДГОТВЕНО – И Путин наскоро оди кај Си Џинпинг

Кремљ соопшти дека последните подготовки за посетата се речиси завршени.

СЕ Е ПОДГОТВЕНО – И Путин наскоро оди кај Си Џинпинг
Фото: Принтскрин

Подготовките за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Кина се речиси завршени и ќе се реализираат во многу блиска иднина, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според него, Кремљ наскоро ќе ги објави точните датуми на посетата на рускиот лидер.

„Наскоро ќе ги објавиме. Посетата се подготвува. Можеме да кажеме дека последните детали се веќе завршени. Ќе се одржи многу наскоро“, изјави Песков.

На 13 мај, медиумите објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп пристигнал во Пекинг со делегација.

Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, претходно изјави дека подготовките за посетата на Путин на Кина се во тек и дека таа е планирана за крајот на мај.

Путин на 9 мај најави дека со кинескиот претседател Си Џинпинг ќе разговара за соработка во областите на трговијата, економијата, енергетиката и вселенските истражувања.

Рускиот претседател последен пат ја посети Кина на почетокот на септември минатата година, кога присуствуваше на самитот на Шангајската организација за соработка и на комеморативни настани по повод 80-годишнината од победата над јапонскиот милитаризам и крајот на Втората светска војна.

CATEGORIES
TAGS
Share This