НЕВРЕМЕ НА ПОВИДОК – Дожд, грмежи и силен ветер попладне низ Македонија
Ќе дува умерен ветер, во западните делови од западен правец, а долж Повардарието од север.

Фото: Национал
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и температура во интервал од 8 до 23 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Попладне ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северен правец.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно и посвежо. Во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=18°C. P=974hPa. U=40%. V=5m/s.
CATEGORIES Македонија
