МАЛ ТРИК ШТО ПРАВИ ГОЛЕМА РАЗЛИКА – Дали вашиот аспиратор навистина ја врши својата работа?
Една од клучните препораки е таканареченото правило „5 пред и 5 потоа“.

Во ерата на отворени станбени простори, каде што границите помеѓу кујната и дневната соба се сè поневидливи, мирисите од готвењето станаа еден од клучните фактори кои влијаат на свежината и удобноста во домот. Токму затоа, Самсунг (“Samsung”) спроведе кратка анкета на социјалните мрежи, поставувајќи едноставно прашање – колку често се случува вашиот аспиратор да не ги отстрани сите мириси од готвењето?
Резултатите покажуваат дека значителен број корисници се соочуваат со овој проблем. Некои велат дека тоа се случува речиси секогаш (57%), додека повеќето признаваат дека тоа се случува повремено, особено при подготовка на јадења со поинтензивен мирис (20%). Само помал дел од испитаниците веруваат дека нивниот аспиратор работи целосно ефикасно (23%).
Овие одговори покренуваат важно прашање: дали проблемот е во недоволната моќност на уредот или во начинот на кој го користиме?
Експертите истакнуваат дека ефикасноста на аспираторот не зависи само од неговите перформанси, туку и од начинот на употреба. Една од клучните препораки е таканареченото правило „5 пред и 5 потоа“. Наместо да го вклучувате аспираторот дури кога ќе започнете со готвење, се советува да го вклучите пет минути порано за да се воспостави оптимален проток на воздух во просторот. На ист начин, доколку го оставите уредот да работи уште пет минути по завршувањето со готвење, ќе овозможите целосно отстранување на преостанатите мириси и влага.
Влијанието на оваа мала промена е повеќекратно. Покрај тоа што создава посвежа и попријатна средина, правилното користење на аспираторот помага и во зачувување на кујнските елементи. Пареата и маснотиите кои не се отстранети навреме можат да се таложат на површините, влијаејќи на нивниот изглед, како и на нивната долготрајност.
Модерните решенија, како што се аспираторите на “Samsung”, се дизајнирани да овозможат силни и сигурни перформанси, но токму комбинацијата на технологијата и правилната употреба ги дава најдобрите резултати. Со други зборови, дури и најнапредниот уред може да работи уште подобро со мали промени во секојдневните навики.
Бидејќи понекогаш, разликата помеѓу „заостанати мириси“ и „свежа кујна“ се сведува на десет дополнителни минути внимание кои можат да направат целосна разлика.
За уште посвежа и почиста кујна, иновативното решение на “Samsung“ лежи во безжичните правосмукалки Jet. Тие се практични сојузници за брзо отстранување на трошки и секојдневна нечистотија благодарение на нивната висока моќ на вшмукување и супериорното филтрирање на прашина и алергени. Со тековната промоција на “Samsung“, можете да одберете некој од селектираните модели на Jet правосмукалки и да бидете 100% уверени дека сте ја донеле вистинската одлука, бидејќи “Samsung” ви овозможува да го вратите уредот во рок од 100 дена од купувањето доколку не ги исполни вашите очекувања. Промоцијата трае до 31.12.2026 година, а за да дознаете повеќе за оваа поволност, кликнете тука.
За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата.

