СЕ СРЕЌАВААТ ГИГАНТИТЕ – Трамп и Си Џинпинг во историски разговор, светот во исчекување
Средба на врвот во Пекинг: Трамп и Си Џинпинг отвораат клучни глобални теми.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави официјална посета на Кина од 13 до 15 мај, при што ја нарече земјата „неверојатна“ и изрази очекување за средба со претседателот Си Џинпинг, кого го опиша како „почитуван лидер“. Тој порача дека очекува „големи работи за двете земји“.
Според кинеското Министерство за надворешни работи, посетата е на покана на Пекинг, а главна тема на разговорите ќе бидат билатералните односи, глобалниот мир и развојот. Средбата се очекува да се одржи во Пекинг, заедно со државни и работни настани.
Во фокусот на разговорите ќе бидат повеќе чувствителни теми: војната со Иран, прашањето за Тајван, трговските односи, технологијата и критичните минерали. Вашингтон очекува од Кина поголем притисок врз Иран, особено околу нафтата и стабилноста на Хормутскиот теснец, додека Пекинг се спротивставува на американските санкции.
Економските теми исто така ќе бидат клучни, со можни големи договори за купување авиони „Боинг“, американска соја и говедско месо. Се споменува и обновување на трговските договори и намалување на тарифите, како и продолжување на соработката околу ретките метали, кои се клучни за глобалната технолошка индустрија.
Посетата се случува во период на засилено геополитичко и технолошко ривалство меѓу САД и Кина, особено околу вештачката интелигенција, полупроводниците и синџирите на снабдување.
