МУЗИЧКИ ЕВРОВИЗИСКИ БОЈКОТ – Пет земји се повлекуваат поради Израел

Евровизија 2026 во сенка на бојкот и несогласувања.

МУЗИЧКИ ЕВРОВИЗИСКИ БОЈКОТ – Пет земји се повлекуваат поради Израел
Фото: Принтскрин

Според напис на „Индепендент“, Шпанија, Ирска, Исланд, Холандија и Словенија се повлекуваат од учество на Евровизискиот натпревар, во знак на протест поради учеството на Израел во годинешното издание.

Како што се наведува, домаќин на овогодинешната Евровизија е Виена, а полуфиналните вечери се закажани за 13 и 14 мај, додека големото финале треба да се одржи на 16 мај.

Израел годинава ќе го претставува кантавторот Ноам Бетан со песната „Мишел“, пренесува РИА Новости.

Европска радиодифузна унија е организатор на натпреварот, кој секоја година собира учесници од повеќе земји низ Европа и пошироко.

Минатогодишното издание се одржа во Базел, а победник беше австрискиот изведувач Јоханес Пих.

CATEGORIES
Share This