АМЕРИКА СЕ ПРОШИРУВА – Трамп сака Венецуела да стане 51-ва држава на САД

Планот што ја потресува светската политика со Венецуела како можна 51-ва држава на САД.

АМЕРИКА СЕ ПРОШИРУВА – Трамп сака Венецуела да стане 51-ва држава на САД
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно изјавил дека „сериозно размислува“ за можноста Венецуела да стане 51-та американска сојузна држава, според интервју за Фокс њуз со новинарот Џон Робертс.

Трамп, кој и претходно изнесувал идеи за проширување на американското влијание кон територии како Канада и Гренланд, сега повторно ја отвора темата за потенцијална експанзија.

Тој истакнал дека Венецуела располага со огромни резерви на нафта, проценети на околу 40 трилиони долари, и додал дека „Венецуела го сака Трамп“.

Во истиот контекст се споменува и политички развој во земјата, вклучително и апсењето на претседателот Николас Мадуро на 3 јануари и негово наводно соочување со федерални обвиненија во САД поврзани со дрога и оружје, според објави на „Њујорк пост“.

Според ваквото сценарио, евентуалното приклучување би барало референдум во Венецуела, по што конечната одлука би морала да биде одобрена и од Конгресот на САД.

CATEGORIES
TAGS
Share This