СКРОЕНА СУДБИНАТА НА СОВЕТНИЦИ НА ТРАМП По скандалот со „Сигнал“, Волц и Вонг си заминуваат од Белата Куќа
Алекс Вонг, во првиот мандат на Трамп беше заменик специјален претставник за Северна Кореја, како и заменик-помошник државен секретар за прашања поврзани со Источна Азија и Пацификот

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц и неговиот заменик Алекс Вонг се повлекуваат од своите функции, пренесува CBS News повикувајќи се на повеќе извори запознаени со ситуацијата.
Веста доаѓа неколку месеци по контроверзниот инцидент во кој Волц по грешка го вклучи новинарот Џефри Голдберг од списанието The Atlantic во доверлива комуникација на платформата Signal. Во пораките, највисоките претставници за национална безбедност дискутирале за планови за напад врз цели на јеменските бунтовници Хути, вклучувајќи го и времето на нападот и типот на оружје што ќе се користи.
Голдберг ја објави содржината на разговорот, по што Волц ја потврди неговата автентичност зад затворени врати. Инцидентот предизвика дебати во Белата куќа околу тоа дали Волц треба да поднесе оставка, но тој никогаш формално не понуди оставка, а претседателот Доналд Трамп тогаш му изрази јавна поддршка.
Алекс Вонг, во првиот мандат на Трамп беше заменик специјален претставник за Северна Кореја, како и заменик-помошник државен секретар за прашања поврзани со Источна Азија и Пацификот. Трамп истакна дека Вонг одиграл клучна улога во преговорите со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Причините за нивното повлекување не се официјално објавени.


