РУСИЈА ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДУВА Никогаш Украина нема да се врати назад на границите од 1991
Москва, исто така, го обвини Западот за соучесништво, наведувајќи дека западните земји со својата воена и финансиска поддршка го поттикнуваат украинскиот режим.

Русија никогаш нема да дозволи враќање на Украина на границите од 1991 година, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, реагирајќи на најновиот напад со украински беспилотни летала во градот Аљешки, Керсонска област.
„Апсолутно е очигледно дека зад обидите на Киев и неговите западни сојузници за враќање на територијалниот состав од 1991 година, се крие намерата за уништување на се што е руско“, стои во соопштението. „Русија никогаш нема да дозволи вакво сценарио.“
Министерството остро го осуди нападот на пазарот во Аљешки, нарекувајќи го „крваво воено злосторство врз цивилно население“. Според руските власти, нападот бил извршен намерно за време на празничен ден, кога голем број граѓани биле присутни на пазарот.
„Нападот е јасен доказ за неспремноста на Киев да учествува во мировни преговори,“ се додава во соопштението.
Москва, исто така, го обвини Западот за соучесништво, наведувајќи дека западните земји со својата воена и финансиска поддршка го поттикнуваат украинскиот режим.
Локалниот гувернер Владимир Саљдо претходно изјави дека украинските сили нападнале пазарот со дронови, а втор напад уследил додека траела евакуацијата. Според неговите зборови, загинале најмалку седум лица, а повеќе од 20 се повредени.


